Залив на Коските
Куќи на наколна населба
Залив на Коските — залив во Охридското Езеро и археолошко наоѓалиште на праисториска наколна населба од доцнобронзеното и раножелезното време. Сместен е до полуостровот и автокампот Градиште, меѓу селата Пештани и Трпејца. Длабок е 3 до 5 метри. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, како и свој посетителски центар со изложбен простор за наодите. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време, во наоѓалиштето наречено Градиште. Повеќе…