Ново Село - градителска целина
Ново Село е една од најстарите населби во Штип. Иако нема прецизни податоци за нејзиното формирање, се претпоставува дека Ново Село постоело како посебна населба уште пред XIII век, а за тоа сведочат бројните цркви од тој период, меѓу кои е и црквата св. Спас, која е најстарата црква во околината на Штип. Повеќе…
Градителска целина која со своите архитектонски, урбанистички, историски, амбиентални и естетски вредности во голема мера ги задржале одлики на типична македонска староградска архитектура – настаната во XIX – XX век.