Манастир Св. Гаврил Лесновски

За познатиот Лесновски манастир се знае дека зазема значајно место во македонската како црковна така и национална но и културна историја.

Се наоѓа на југозападните падини на планината Осогово на надморска височина од околу 870 метри во селото Лесново. Според најстарото пролошко житие на Св. Гаврил Лесновски кое што го напишал Станислав Граматик во 1330 година се знае дека манастирот потекнува од 9-от век кога по Божја милост преподобниот Гаврил Лесновски се населил во Лесновската гора и го основал манастирот посветувајќи го на Свети Архангел Михаил. Повеќе…

Википедија