Гроб на Григор Прличев — гроб во градот Охрид, прогласен за културно наследство на Македонија. Гробот е сместен зад црквата „Пресв. Богородица Перивлептос“ на понискиот рид Дебој. Во него почиваат истакнатиот македонски преродбеник Григор Прличев (1830 – 1893) и неговиот син, револуционерот и општественик Кирил Прличев (1875 – 1944).