Куќа на Григор Прличев

Куќа на Григор Прличев — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија. Како родна куќа на писателот Григор Прличев, таа е претворена во негов спомен-дом, дел од Заводот за заштита на спомениците и музеј на градот. Куќата се наоѓа во стариот дел на градот, близу до Долни Сарај и црквата „Св. Софија“, во југоисточното подножје на повисокиот охридски рид, на улица „Григор Прличев“ бр. 66 Повеќе…