Плаошник

Плаошник или „Плаош“ — месност на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град Охрид, на околу 250 м јужно од централниот дел од Самуиловата тврдина.
Плаошник е познат како светилиште уште од почетоците на христијанството, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски. Повеќе…