Црква „Св. Константин и Елена“

Свети Константин и Елена — македонски православен храм кој се наоѓа на доминантно место, во стариот дел на градот Охрид во непосредна близина на црквата Св. Богородица Перивлепта, односно во дворот на ОУ „Климент Охридски“ – Охрид. Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е изградена и фрескоживописана во 1477 година. Во архитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен полуоблест свод. Подоцна од јужната страна е доѕидан мал параклис посветен на света великомаченица Параскева. Во внатрешноста целата црква е фрескоживописана.