Проект за реставрација на куќата
Куќата на Ќазим-бег е еден од најзначајните културни споменици од крајот на 18 век. Два пати е прогласувана за Споменик на Културата на Р. Македонија, во 1971 година како историски споменик, токму поради поврзаноста со Виничката афера, а 1973 година поради своите архитектонски особини, како стара градска архитектура.
Музејот на град Виница работи на проект кој е фокусиран на реставрација на куќата, која што речиси е уништена од пожар и се наоѓа во многу лоша состојба. Проектните активности вклучуваат изработка на менаџмент план, информативни проспекти, адаптација на зградата за музејски цели, промоција преку каталог, изложби и веб-страна. Повеќе…
Извор: https://www.muzejterakota.mk/
Благодарност за соработката на Јулијана Иванова директор на Музејот во Виница.