Црква „Св. Никола Болнички“
Црква „Св. Никола Болнички“ фрески и икони
Свети Никола Болнички — македонски православен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, на улицата Цар Самоил, помеѓу охридското пристаниште и Куќата на Робевци, веднаш наспроти црквата Света Богородица Болничка. Изградена и живописана во 1313 година од непознат зограф. Црквата е еднокорабна со засводен полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија – преслица единствена во Македонија, изградена под влијание на приморската архитектура. За првпат се споменува во еден документ за имотот на црквата “Света Богородица Перивлепта”. Во XV век на јужната страна од црквата дограден е параклис, од кој денес е сочуван апсидниот дел со претставата “Причестувањето на апостолите”. Во дворот на оваа црква се наоѓаат остатоците од градските ѕидини, кои од Самоиловата тврдина се спуштале до самото езеро.