Црква „Св. Софија“

Црква „Св. Софија“ внатре

Црква „Св. Софија“ - стари слики

Света Софија — катедрален црковен храм во стариот дел на градот Охрид во југозападниот дел на Република Македонија. Посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква претставува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески. Ова е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот Залив на исток. Повеќе…