Црква „Вознесение Христово“ - Лескоец

Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во охридското село Лескоец. Црквата е сместена во стариот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта, кои и денес се користат од селото. Црквата била изградена во 1462 година. Оваа година е спомената и во ктиторскиот натпис од наосот. Како ктирот се јавува спахијата Тоде и неговата жена Булка, претставници на христијанското благородништво. Повеќе…