Археолошки локалитет Кале - Виница

Археолошкиот локалитет Виничко Кале лежи на југозападната периферија на Виница, на јужниот раб на поголемо поле.
Претставува тешко пристапен брег, со ориентација североисток- југозапад, со остар пад на теренот од сите страни. На југоисточната страна се издвојува од подолжната коса со плиток, не многу стрмен засек. Од западната страна теренот е ограничен со една вдлабнатина која полека се спојува со реката кај југоисточниот дел на Калето. На североисточниот дел од теренот се наоѓа пониска тераса на чии рабови уште пред истражувањата биле видливи остатоците од ѕидови.
Целиот рид е висок 40-70 метри, зарамнет е на врвот и опфатен со два одбрамбени појаси. Надворешниот појас е постар, граден од камен и земја, а ја утврдувал раноантичката населба со површина од 3,5 хектари. Внатрешниот ѕид е граден со малтер и влечен во прави потези. Изграден е во времето на Јустинијан I, кој ги обновил повеќето од доцноантичките тврдини. Повеќе…

Извор: http://www.muzejterakota.mk/

Благодарност за соработката на Јулијана Иванова директор на Музејот во Виница.