Турбе на Синан Челеби
Турбе на Синан Челеби — османлиска гробница (турбе) во Охрид. Прогласена е за Значајно културно наследство на Македонија. Се наоѓа на ридот Плаошник, во близина на познатата црква „Св. Климент и Пантелејмон“. Му припаѓа на типот на отворени турбиња со основа во облик на буквата Г, потпрено на квадратни столбови во секој агол. Во изградбата е користен материјал од наоѓалиштето Плаошник и архитектонски остатоци (сполии) од наоѓалиштата во околината. Турбето е изградено од тули, ѕидано на цокле од обработен камен. Повеќе…