Теќе „Зејнел Абедин-паша“

Теќе „Зејнел Абедин-паша“ — османлиско теќе со џамија во градот Охрид, прогласени за културно наследство на Македонија. Теќето е разположено на Охридската чаршија, на самиот плоштад до стариот чинар. Според натпис во теќето, по пристигањето на Пир Хајати Баба во 1766 година, раководителите се стекнуваат со титулата „шех“. По добивањето на хилафет од карабашата на Сер, Шех Мехмед Хајати пристигнал во Охрид, каде го основал теќето на Халветискиот ред со ферман од султанот. Повеќе…