Свети Климентово училиште
Светиклиментово училиште – бивша училишна зграда во Охрид. Зградата била прогласена за споменик на културата. Музејската зграда зазема експонирана позиција во старото јадро на градот, во црковниот комплекс „Св. Богородица Перивлепта”, на доминантно плато на охридскиот рид Дебој. Во непосредна близина е на бројни, значајни културно-историски споменици, црквата „Св. Богородица Перивлепта“, „Св. Димитриј“, „Св. Константин и Елена“, „Св. Врачи“, „Св. Богородица Челница“, во духовен простор со древна градителска традиција. Повеќе…