Црква „Св. Стефан“ - Шипокно
Свети Стефан, попозната како Свети Стефан Панцир — македонска пештерна црква, која се наоѓа во охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан. Црквата претставува главна манастирска црква на Шипокничкиот манастир. Црквата е сместена во атарот на селото Шипокно, веднаш над регионалниот пат Охрид-Свети Наум, над последните градби од новата туристичка населба Свети Стефан. За да се дојде до нејзе треба да се сврти лево од патот за Свети Наум и да се продолжи над синдикалното одморалиште „Орце Николов“. Повеќе…