Катедрална Црква Св. Никола
Свети Никола или Свети Николај — Kатедрална црква на Брегалничката епархија на Македонската православна црква. Сместена е во западниот дел на градот Штип, крај патот за соседно Ново Село.
Изградена е врз темелите на старата Сифиева црква од 1341 г.[1] Со нејзините димензии и раскош претставува значаен споменик на преродбеничкиот период. Дело е на прочуениот градителски мајстор Ѓорѓи Новаков-Џонгар. Повеќе…