Стопански објекти на воден погон

Кај Костин Дол и Речани, меѓу стрмнините на осоговските падини, се втурнала Бела Река создавајќи со својата долина прекрасен предел. Овде, се уште благодетите на природата се ставени во служба на човекот. Колку за негово опстојување и одржување во живот, толку и за уживање.

На ова место каде порано имало четириесетина куќи, сега останале само четири. За друштво, горе на брдото, велат мештаните, има уште 3-4. Во двете куќи крај реката, преку бука се слева вода во вир. Овде некогаш работеле валавници. По нив и месноста е позната под ова име. Повеќе…