Манчевци

Манчевци — археолошко наоѓалиште во Охрид. Претставува базилика од старохристијанското време (IV или V век). Откриена е во 2009 година при изведба на градежни работи на две поединечни куќи во старото градско јадро на градот. Во 2012 е конзервирана и презентирана на јавноста. Базиликата е специфична по своите мозаични подови, кои ги има во позначителен број.