Куќа на Чаулеви
Куќа на Чаулеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија заведена под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 44. Куќата е сместена во стариот дек на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 44. Изградена е во втората половина на XVIII век и се вбројува меѓу малкуте целосно внатрешно и надворешно зачувани охридски староградски куќи од тој период. Била сопственост на Паско Чауле (Рауник). Од почетокот на XXI век служи како гостинска куќа, наречена „Вила Јован“. Повеќе…