Саат Кула

Средновековни кули — кули во Кочани и околината кои, и покрај називот, најверојатно биле изградени во втората половина на XVII век, кога градот бил под османлиска управа. Влијание во изградбата имала ориенталната архитектура.

Според денешните наоди, во Кочани и неговата блиска околина биле изградени три средновековни кули, од кои две се наоѓаат во градот, распоредени од двата брега на Кочанска Река, додека третата е местена во селото Долни Подлог. Тоа биле беговски кули од станбено-одбранбена функција, а едната се користела како саат-кула. Саат-кулата денес се наоѓа во непосредна близина на училиштето “Раде Кратовче“ и порано служела за звучно означување на часовите. Повеќе…

Извор: МК-Википедија