Црква Св. Ѓорѓи - Козјак
Свети Ѓорѓи — македонски православен христијански црковен храм кој се наоѓа во близина на штипското село Козјак, веднаш до археолошкиот локалитет Баргала.[1] Таа претставува дна од најстарите цркви во Македонија, од рано средновековниот период, која во целост е сочувана. Изградена е во 9 и 10 век и се споменува како парохиски центар во рамките на Мородвиската епископија. На ѕидовите е констатиран фрескоживопис во три слоја, од кои последниот е од 12 до 14 век, а на најстариот слој сочувни се старословенски графити. Повеќе…