Црква „Св. Јован Канео“
„Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот. За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Повеќе…