Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Успение на Пресвета Богородица (позната како: Света Богородица Каменско) — македонски православен храм во градот Охрид. Оваа црква се наоѓа во строгиот центар на градот Охрид, во стариот дел на градот, над стариот чинар и фонтаната во чаршијата. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на дебарско-кичевскиот митрополит Антониј. Црквата изобилува со прекрасен фрескоживопис, како и со два сводови на кои се насилкани Пресвета Богородица и Исус Христос во централна положба. Исто така во црквата постои раскошен резбан иконостас. Повеќе…