Џамија на Хаџи Хамза
Џамија на Хаџи Хамза (или Хаџи Хамза џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.
Џамијата е разположена во маалото Кошишта, на улица „Гоце Делчев“ бр. 53.
Џамијата е изградена во XVI век заедно со медреса (исламско училиште). Подоцна е претворена во теќе, и тогаш е изградено и минарето и турбето со шадрванот.
На 22 март 1968 година џамијата е прогласена за споменик на културата.
Џамијата е санирана во 2009 и 2010 година. Повеќе…