Црква Св. Константин и Елена - Разловци
Црквата била изградена во 1850 година. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.
Според мештаните, црквата е уште постара. Започнува да се гради по иницијатива на Поп Стојан, заедно со блиските соработници Цоне Спасев, Стоил Ѓорѓов и Стоил Ковач. Нивните ликови се фрескоживописани на западната страна на црквата, наречени „ктитори сосе доми“, односно ктиторите со семејствата. Повеќе…