Во Штипското маало Стар Конак, градско маало кое поседува посебен шарм се наоѓа црквата:
„СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГЛАВАТОВ“ – црква што се спомнува во историските извори од 1378 г., кога од страна на браќата Дејановци била приложена на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“. Се наоѓа во центарот на Штип, во маалото Стар Конак (денес во дворот на Музичкото училиште). Подоцна е преправана. Во просторот на апсидата има фрагменти од стариот фрескоживопис.