Црква „Свети Никола Арбанашки“- остатоци

Св. Никола Арбанашки — средновековна црква во урнатини, сместена градот Охрид. Му припаѓа на Струшкото архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ – ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Историја
Остатоците од црквата се наоѓаат на ул. „Кузман Капидан“ (старо име „Страшо Пинџур“) бр. 16-а, во дворот на семејството Чобановци, во горниот дел на маалото Варош. Изградена е во текот на средновековието. Забележано е дека пропаднала во урнатини уште во 1930-тите.
Опис
Од храомт се зачувани делови од источниот апсидален дел. Ѕидана е од делкан камен и фрагментирани тули. Во ѕидаријата има сполии (архитектонски елементи) од антички објекти, особено од старата базилика на Плаошник, сместена на билото на запад.