Црква „Свети Никола“ Охрид
Света Никола — македонска православна црква која се наоѓа во Охрид, на улицата Партизанска и Спас Банџов, во Долна Влашка Маала близу Охридати. Според преданието кога Џеладин бег го запалил Моско Поле поголем дел од влашкото население се доселило во Охрид и ја подигнало оваа црква. Според натписот на грчки јазик кој стои над влезната врата во црквата, таа е изградена во 1863 година. Црквата е изградена од цврст материјал: камен и варов малтер, сите ивици се направени од делкан камен, а апсидата изобилува со прекрасни арки од делкан бигорен камен. Таа е еднокорабна засводена со две слепи кубиња, и е невообичаено за тој временски период што не е фрескоживописана. Фрескоживописот кој денес може да се забележи е од раката на Драган Ристески од село Сирула. Иконостасот на црквата е правен од раката на Дичо Зограф од Тресонче и допојасните престолни икони. Инересно е да се напомне дека дверите на иконостасот, и распетието, не се вклопуваат според стиловите, па поради тоа има мислење дека Распетието, и дверите, се донесени од изгорената црква во Москополе.