Алипашина џамија
Али паша џамија е сместена во Старата охридска чаршија. За годината на нејзината изградба и за нејзиниот ктитор не постојат точни податоци. Според една вакуфнама која датира од 1491 година и во која се споменуваат сарај и вакафи кои му припаѓаат на Али паша се смета дека имало и џамија која го носела неговото име. Според архитектонските карактеристики и едноставноста на формите, џамијата била изградена кон крајот на 15 или почетокот на 16 век. Во составот на џамијата во 1823 година била подигната и медреса која денес не постои. Повеќе…