Куќа на Ѓурчинови

Куќа на Ѓурчинови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија. Куќата е сместена на почетокот на шеталиштето „Кеј Македонија“ бр. 6 (стара адреса „Кеј Маршал Тито“ бр. 3). Изградена е во 1930 година од инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов, нејзиниот сопственик. Се одликува со строга симетрија и богато обработена со неокласични и необарокни елементи на југоападната фасада насочена кон шеталиштето. Повеќе…