Поранешна куќа на „Охридско лето“

Поранешна куќа на „Охридско лето“ — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија поради нејзината архитектонска вредност и улогата во културниот живот на градот. Куќата е сместена на самиот почеток на градското шеталиште, на кејот „Македонија“ бр. 1 (старо име кеј „Маршал Тито“), на аголот со булеварот „Македонски Просветители“. Во зградата се наоѓало седиштето на фестивалот „Охридско лето“. Повеќе…