Црква Св. Никола - Крупиште

Свети Никола е стара средновековна црква во штипското село Крупиште. Црквата са наоѓа на североисточниот излез од селото, под патот Штип – Кочани, на десниот брег на Брегалница. Под црквата се откриени остатоци од старохристијанска базилика. Црквата Свети Никола е градба со скромни димензии, подигната од кршен камен со нееднаква големина и вградени делови од ранохристијанска пластика на која се испишани знаци и букви. Повеќе…