ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

ЗАШТИТЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Заштитеното културно наследство на Македонија

Портал за промоција и популаризирање на заштитеното културно наследство на Македонија со представување на заштитените добра на интерактивни мапи поделени по плански региони. Порталот користи најнови техники и технологии за представување и промоција како дигитално позиционирање на Интерактивни Мапи, Текстови и слики од сите објекти, Електронски изданија во форма на Електронски книги и др. 

Овие активности се подржани преку одобрен проект на Министерството за култура. Засега има одобрено средства за представување на Источниот плански регион, а во план е реализација на сите плански региони во Македонија во зависност од одобрените средства. Сите активости ќе бидат представени на овој електронски портал.

Составен дел на овој портал се и ИНТЕРАКТИВНА МАПА, FLIPBOOK БРОШУРА и PDF БРОШУРА за Источниот Плански Регион. Мапата и Брошурата со соодветни линкови се поврзани со артиклите представени на порталот. 

Покрај од менито, со кликнување на секоја од сликите може да ги погледате објектите кои се заштитено културно наследство на секоја општина.,

ОПШТИНА ШТИП

Заштитено културно наследство во Општина Штип

ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Заштитено културно наследство во Општина Карбинци

ОПШТИНА КОЧАНИ

Заштитено културно наследство во Општина Кочани

ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Заштитено културно наследство во Општина Зрновци

ОПШТИНА Пехчево

Заштитено културно наследство во Општина Пехчево

ОПШТИНА бЕРОВО

Заштитено културно наследство во Општина Берово

ОПШТИНА ВИНИЦА

Заштитено културно наследство во Општина Виница

ОПШТИНА Делчево

Заштитено културно наследство во Општина Делчево

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Заштитено културно наследство во Општина Пробиштип

РЕГИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Источен плански  регион претставува територијална единица во рамките на Република Македонија и го сочинуваат 11 општини: Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Зрновци, Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Карбинци и Штип.  Овој регион зафаќа површина од 3537 км2 на која живеат 181.858 жители.

знаменитости и локалитети

ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН – Општини: Берово, Пехчево, Виница, Делчево, Кочани, Зрновци, Пробиштип, Штип, Карбинци

Источен Плански Регион - Интерактивна Мапа

ЗАШТИТЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Кликни на сликата или овде за да разгледаш детали од интерактивната мапа.
Представување и промоција на проектот

Овој  проект е изработен со употреба на најмодерни технолошки алатки и решенија за промоција и популаризирање на заштитеното културно наследство на Македонија и поради тоа неговата видливост е огромна бидејки е постојано претставен на интернет пред најшироката публика. Верувам дека досега не е реализиран сличен проект во Македонија.

Сметам дека најважно кај секој проект од културата е претставувањето и промоцијата на пошироката јавност, на наше задоволство може да заклучиме дека покрај одличното претставување проектот има и одлична промоција и одлично е прифатен и е посетуван од сите страни на светот.

На посебни линкови може да се види дека Порталот за промоција и популаризирање на заштитеното културно наследство на Македонија е посетуван од посетители не само од Македонија туку и од сите континенти во светот: Америка, Канада, Европа, Балканот, Африка, Русија, Кина и Австралија.

Повелете погледајте на линковите 2019 или 2022 од каде доаѓат посетителите од: СВЕТ, ЕВРОПА и МАКЕДОНИЈА.

Забелешка од реализаторот на проектот

Идеен творец и реализатор на овој проект е Тодор Пановски дип. ел. инженер од Кочани со повеќегодишно работно искуство како – Независен Маркетинг и IT експерт, консултант и советник

Однапред се извинувам доколку ненамерно има некаква грешка при изработката или одбележувањето на локациите во проектот. Однапред благодарам за укажување на секоја грешка или сугестија, секоја грешка ќе биде исправена во најкратко време.  Пронаоѓањето на локациите на објектите и особено на археолошките локалитети воопшто не е едноставно и е вршено со одење на лице место на секоја локација дури и на недоволно пристапни терени при што е користена помош единствено од локалното население.

При изработката на проектот  добив помош единствено од Музејот на Виница, за што посебно сум им благодарен. Не добив помош од ниту една друга институција во државата, а побарав од неколку.